Оние од „првата линија“ се борат да ги платат сметките, додека елитата профитира

Ќе бидеме сведоци на најголемо зголемување на нееднаквоста откако се направени такви записи - рече извршната директорка на агенцијата „Оскфам Интернешнл“, Габриела Бучер.

774

Милијардерите, вклучително и шефот на „Амазон“, Џеф Безос и основачот на „Тесла“, Елон Маск, го удвоија свето богатство за време на пандемијата на вирусот ковид-19, додека сиромашните во светот се соочиле со многу поголеми неволји, соопшти денеска хуманитарната организација „Оксфам“, барајќи чекори за борба против нееднаквоста.

Во извештајот под наслов „Вирус на нееднаквост“ се вели дека нациите имаат „стеснет прозорец на можности“ да изградат фер закрепнување.






– Ќе бидеме сведоци на најголемо зголемување на нееднаквоста откако се направени такви записи – рече извршната директорка на агенцијата „Оскфам Интернешнл“, Габриела Бучер.

Оваа организација претходно повика на воведување повисоки даноци на богатство и посилна заштита на работниците.

– Економиите го насочуваат богатството кон богатата елита која ужива луксуз за време на пандемија, додека оние кои се во првите редови да се бранат од вирусот – трговците и здравствените работници – се борат да ги платат сметките – се вели во соопштението.

Ковид-19 предизвика економска бура која најмногу ги погоди сиромашните и ранливите категории, а жените и маргинализираните работници се соочија со најголемите загуби на работното место.

Светска банка предупредува дека повеќе од 100 милиони луѓе можат да бидат втурнати во екстремна сиромаштија.

Во соопштението на „Оксфам“ се вели дека може да потрае повеќе од една деценија за луѓето кои паднаа во сиромаштија да се вратат на нивото пред кризата.

Во меѓувреме, колективното богатство на светските милијардери се зголеми за 3,9 трилиони долари помеѓу март и декември 2020-та година и достигна 11,95 трилиони, се наведува во извештајот.

Во истиот период, десетте најбогати луѓе – списокот предводен од Безос и Маск, во кој се и извршниот директор на луксузната група „ЛВМХ“, Бернард Арно, Бил Гејтс од „Мајкрософт“ и извршниот директор на „Фејсбук“ Марк Цукерберг – забележаа зголемување на нето богатството за 540 милијарди долари.

Таа сума би била доволна за да спречи некој да падне во сиромаштија како резултат на пандемијата и да се плати вакцината за сите земји, се вели во соопштението.

Пандемијата означува „клучна точка“ што ги разоткри економските разлики, се вели во соопштението, повикувајќи на повисоки даноци на богатството и корпорациите, со посилна заштита на работниците.

Привремениот данок на вишокот профит на 32 глобални корпорации, кои профитираа најмногу за време на пандемијата, може да собере 104 милијарди долари за 2020 година, соопшти „Оксфам“.

Аналитичарите велат дека меѓународната соработка е клучна за воведување и спроведување на многу промени.

Поврзани содржини