ЏОНИ НЕ МЕ ТУРНА ПО СКАЛИТЕ Популарната Кејт Мос сведочеше во одбрана на бившиот дечко
До ова сведочење дојде поради изјавата на Амбер Херд дека Деп наводно ја турнал познатата британска манекенка по скали кога биле на одмор на Јамајка.
Јавноста со нетрпение го очекуваше сведочењето на Кејт Мос, популарен супермодел и поранешна девојка на Џони Деп, на судењето на актерот со неговата поранешна сопруга Амбер Херд. За неа многумина сметаа дека токму е клучниот сведок во процесот. Кејт на судењето сведочела преку видео-повик во корист на некогашниот партнер со кого се гледала од 1994 до 1998 година.
Судењето започна околу 14 часот по европско време, а Мос беше прва од сведоците. До ова сведочење дојде поради изјавата на Амбер Херд дека Деп наводно ја турнал познатата британска манекенка по скали кога биле на одмор на Јамајка.
– Јас и Џони излегувавме од хотелската соба. Се лизнав по скалите и си го повредив грбот. Врескав бидејќи не знаев што се случува со мене, почувствував болка, тој притрча кон мене и повика помош. Џони никогаш не ме турнал, не ме удирал или нешто слично. Потврдувам дека никогаш не ме турна по скалите – рече Кејт на прашањето за наводниот инцидент.
Сведочењето на манекенката траеше многу кратко, бидејќи требаше да се одговори само на наводите на Амбер Херд.