ЏОНИ ДЕП СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА По обвинувањата од поранешната сопруга за семејно насилство
Актерот треба да го игра контроверзниот француски крал Луј XV во филмот режиран од француската режисерска Мајвен Ле Беско. Филмот ќе се снима ова лето во Версајсата палата и околу Париз.
Холивудскиот актер Џони Деп се враќа на снимање откако филмската индустрија му ги затвори вратите поради обвинувањата од неговата поранешна сопруга Амбер Херд дека психички и физички ја малтретирал.
Актерот ја загуби улогата на Гринделвалд во франшизата „Фантастичиот ѕвер“ на барање на продуцентската куќа откако го изгуби судскиот спор против британскиот таблоид, а холивудските инсајдери шпекулираа дека ова ќе биде крај на неговата кариера. По ова, беше речиси невозможно да најде нова улога. Сепак, се чини дека работите се променија.
Деп можеби и понатаму е персона нон грата во Холивуд, но, како што пишува „Холивуд репортер“, Деп својот следен проект го подготвува во Фрнација. Актерот треба да го игра контроверзниот француски крал Луј XV во филмот режиран од француската режисерска Мајвен Ле Беско. Филмот ќе се снима ова лето во Версајсата палата и околу Париз.
Актерот ја одигра својата последна улога во филмот „Минамата“ од 2020 година, кој исто така го продуцираше. Деп сакаше да ја врати кариерата на вистинскиот пат со овој филм, но не успеа целосно.
Неодамна излезе првиот тизер за најновиот „Fantastic Beasts: The Secrets of Dumbledore“ во кој фановите првпат го видоа Мадс Микелсен во улогата на Гринделвалд, кого инаку го игра Џони Деп. Бројни фанови го изразија своето незадоволство што Деп повеќе не е дел од франшизата.
Актерот се најде во немилост на американските продуценти откако поранешната сопруга Амбер Херд го обвини за семејно насилство. „Варнер брос“ го замоли да не биде дел од третиот дел на франшизата.
„Вратете го Џони Деп“, „Ја сакам оваа франшиза, но не вреди да се гледа без Џони Деп“, „Без Џони Деп? Ви благодарам многу, но нема да го гледам“, „Тоа што му го направивте на Деп е непростливо!“, „Џони е единствениот вистински Гринделвалд“, „Се надевам дека оценките ќе ви бидат лоши“, се дел од коментарите на незадоволните фанови на Инстаграм.