📷 ЏОНИ ДЕП НИКОГАШ ПОДОБРО НЕ ИЗГЛЕДАЛ! Славниот актер се појави во Лондон и ги воодушеви сите
Џони Деп (60) целосно го промени својот изглед и пред 61-виот роденден изгледа многу подобро од претходните години.
Џони Деп (60) целосно го промени својот изглед и пред 61-виот роденден изгледа многу подобро од претходните години.
Џони Деп се ослободил од „боемската фризура“ и неугледниот изглед што го „негуваше“ пред и по судењето со поранешната партнерка Амбер Херд.
Деп го привлече вниманието на неодамнешната премиера на „Jeanne du Barry“ во Лондон.
View this post on Instagram
Легендарниот актер носел црн костум на „Диор“, бела кошула и сив капут. Неизбежен додаток биле и очилата за сонце. Деп спремно им позирал на фотографите на црвениот тепих.
Неговите фотографии се проширија на социјалните мрежи, а бројни обожаватели напишаа дека Деп многу ослабел. Покрај тоа, неодамна ја скратил косата.
Пријатели на холивудската ѕвезда, кој во јуни ќе наполни 61 година, за „Дејли мејл“ изјавија дека Деп веќе некое време живее во Лондон и дека градот му одговара.
„Тој живееше во Велика Британија додека го режираше „Моди“ и водеше поздрав начин на живот отколку што беше случај во минатото.“
Во февруари, во Торино, Италија, го режираше својот филмот „Моди“, а тогаш имаше подолга коса.
Актерот за помалку од два месеци целосно се променил, а трансформацијата ја покажуваат фотографиите кои се снимени во понеделникот.
View this post on Instagram
Потсетуваме, во историската драма „Jeanne du Barry“ главната улога ја има Џони Деп. Филмот го режираше француската актерка и режисерка Мејвен, која го отелотвори главниот женски лик. Овој филм е и првиот филм во кој Деп глуми целосно на француски јазик.