ЏОНИ ДЕП ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ Нема повеќе да глуми во „Пиратите од Кариби“, еве колкава сума одбил за улогата
Обожавателите се разочарани од одлуката на Џони, а „Дизни“ наводно му понудил 20 милиони долари. Сепак, и тоа не е доволно.
Актерот Џони Деп (59) повеќе нема да го гледаме во франшизата „Пиратите од Карибите“. И тоа, затоа што тој сè уште е лут на „Дизни“, една од водечките медиумски и продукциски куќи кои го отпуштија кога се судеше со својата поранешна сопруга Амбер Херд (37).
Обожавателите се разочарани од одлуката на Џони, а „Дизни“ наводно му понудил 20 милиони долари. Сепак, и тоа не е доволно.
– Само таака го отфрлија, а Амбер лажеше – изјавила пријателката на актерот за „Дејли мејл“.
Да потсетиме, Џони и Амбер беа во центарот на вниманието со години откако таа го обвини за семејно насилство. Холивуд тогаш го осуди Џони, а на крајот се испоставило дека обвинувањата на Амбер Херд се лажни.
Иако на Филмскиот фестивал во Кан Џони изјави дека повеќе не ја чувствува осудата, сепак решил да се повлече од сцената. Тој изјавил и дека нема да работи за „Дизни“, колку и да е примамлива понудата, а не верува дека ќе работи ниту во некое друго холивудско студио.
Еден од најпознатите холивудски актери сега се посвети на музиката со бендот „Hollywood Vampires“, како и на уметноста и режија на мали продукциски филмови.
ФОТО: Инстаграм