Џони Деп го „шутнаа“ од „Фантастични sверки“ по загубата на случајот за клевета

627

Американскиот актер Џони Деп нема да глуми во новиот серијал филмови „Фантастични sверки“, поврзани со приказната за „Хари Потер“, откако изгуби судски спор против весникот „Сан“, кој го нарече „маж што тепа жени“.

Тој на својот профил на Инстаграм објави дека од студиото „Ворнер брос“ побарале да се откаже од улогата на негативецот Гелерт Гринделвалд.






„Ја почитувам одлуката и се согласив на барањето“, напиша Деп.

„Ворнер брос“ објави дека Деп ќе се откаже од снимањето на филмот и дека неговата улога ќе ја преземе друг актер. Оставката на Деп е релативно редок случај на промена на актерот во Холивуд поради етички причини.

Деп планира да поднесе жалба до судот во Лондон. Тој истакна дека „овој момент нема да ги одреди неговиот живот и кариера“.

Планирано е да се снимаат вкупно пет филма од серијата „Фантастични sверки“, а дејството се случува 60 години пред приказната за „Хари Потер“, со познати ликови на помлада возраст.

 

 

Поврзани содржини