Холивудскиот актер Џони Деп ќе добие најмалку 10 милиони долари за снимање на една сцена на „Фантастични ѕверки 3“, и покрј тоа што „Ворнер брос“ ги прекина врските со него откако лондонскиот суд ја отфрли неговата тужба за клевета, објави „Холивуд репортер“.
Според истиот извор, „Ворнер брос“ мора да му исллати на 57-годишниот Деп целосен хонорар за филмот за кој сними една сцена откако започна продукцијата на 20 септември во Лондон. Студиото минатата недела ѝ соопшти на екипата на филмот дека Деп повеќе нема да го игра Гелерт Гринделвалд во серијалот на Џ. К. Роулинг.
Покрај тоа, премиерата на филмот е одложена до 15 јули 2022 година, во услови на постојана промена на околностите во филмската индустрија среде пандемија на коронавирусот, пренесува „Дедлајн“. Претходно беше предвидено филмот да пристигне во киносалите на 12 ноември 2021 година.
Деп во договорот имал посебна одредба под назив pay-to-play, што значи дека тој ќе го добие целиот хонорар без разлика што се случува со филмот, без оглед дали неговата улога ќе му припадне на друг актер.