Актерот Џони Деп откри на судењето одржано пред два дена во Лондон, меѓу другото, дека ѝ дал марихуана на својата 13-годишна ќерка, сметајќи го тоа дека е одговорно родителство.
Пред два дена почна судењето во Лондон на кое поранешните сопружници – актерот Џони Деп и актерката Амбер Херд – се соочија за првпат по разводот.
Станува збор за тужба за клевета на Деп против таблоидот „Сан“ и компанијата „News Group Newspapers“, а во врска со колумната од 2018 година, каде Деп бил наречен „силеџија што тепа жени“.
Деп остро ги негираше обвинувањата дека ја злоупотребувал својата поранешна сопруга, но адвокатите на групацијата НГН тврдат дека нивниот опис на актерот бил „точен и вистинит“. Во писмената изјава, 57-годишниот актер се потсетил на инцидентот во 2016 година, кога Амбер или „можеби една од нејзините пријатели“ извршила нужда на нивниот брачен кревет.
Меѓу другото, тој откри дека ѝ давал марихуана на својата ќерка Лили Роуз кога имала само 13 години, тврдејќи дека станува збор за „одговорно родителство“.
Исто така, адвокатите доставија докази дека самиот Деп го нарекол своето пијан алтер его „чудовиште“, а актерот посочил дека Елтон Џон бил еден од клучните луѓе кои му помогнале да се одвикне од алкохолот.