ONE DIRECTION ПОВТОРНО ЗАЕДНО Документарецот на Нетфликс ќе открие претходно непознати детали за бендот
Членовите на некогаш најпознатиот тинејџерски бенд во светот решија да ги здружат силите и, на задоволство на сите нивни обожаватели, да снимат документарец за нивните заеднички години, но и за трагично починатиот член, Лијам Пејн.
По девет години откако престанаа да настапуваат заедно, членовите на One Direction, Луис Томлинсон и Зејн Малик, наводно потпишале мултимилионски договор со Нетфликс за снимање документарец за познатиот тинејџерски бенд. Според „The Sun“, членовите на бендот ќе тргнат на патување низ САД и ќе зборуваат за нивните заеднички спомени, како и за починатиот Лијам Пејн..
Во врска со документарецот, чие снимање е во тек, извор изјавил за Page Six:
– Ова ќе биде апсолутно огромен проект за Нетфликс и гарантирано ќе воодушеви многу фанови на One Direction низ целиот свет.
Тој исто така додал дека тоа ќе биде можност за сериозно размислување и длабоки разговори за неверојатното патување што го направил бендот откако се формирал пред 15 години во емисијата „The X Factor“.
Бендот го започна своето патување во 2010 година и првично се состоеше од 5 членови: Хари Стајлс, Најл Хоран, Луис Томлинсон, Зејн Малик и Лијам Пејн. Иако завршија на 3-то место на крајот од „The X Factor“, тие станаа глобално познати, а нивниот прв хит беше песната „What Makes You Beautiful“. Нивниот прв албум „Up All Night“ беше прогласен за најпродаван деби албум во Велика Британија, а во текот на нивната кариера освоија неколку награди MTV и BRIT. Имаа над три милијарди прегледи на YouTube и продадоа повеќе од 50 милиони плочи низ целиот свет.
Познатиот бенд одлучи да направи пауза во 2016 година, откако Зејн Малик ги напушти во 2015 година. Сите членови продолжија со соло кариери, а Хари Стајлс постигна најголем успех, освојувајќи Греми во 2023 година за својот албум „Harry’s House“.
Во октомври минатата година, јавноста беше шокирана од веста дека еден од членовите на One Direction, Лијам Пејн, починал. Пејачот паднал од третиот кат од неговата хотелска соба во Буенос Аирес, а во тој момент во неговото тело била пронајдена мешавина од кокаин, крек и бензодиазепини. Неговиот погреб, одржан на 20 ноември, бил последен пат кога сите членови на бендот биле заедно.