Најновата среќа приказна на Видеолотарија Касинос Австрија е испишана во Росоман. Јонче Апостолоски се приклучи на нивното среќно семејство-добитници на Милионер џекпот добивки.
– Јонче Апостолоски од Росоман, заедно со својот пријател, пристигна во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија, за да го подигне вредниот чек на добитниот износ 1.239.480 денари. Тој е нашиот најнов Милионер џекпот добитник, кој сè уште е под импресии на среќната вест. Јонче редовно се забавувал на видеолотариските терминали и тоа само со една игра 40 Супер Хот, која се докажа како одличен избор. На 18.09.2023 кај нашиот деловен соработник Клуб 77 Евротип во Росоман, тој стана сопственик на најновиот Милионер џекпот, вреден 1.239.480 денари – велат од Видеолотарија.
Забавата на видеолотариските терминали продолжува. Максималниот износ на Супер Милионер џекпот изнесува 21.000.000 денари.