🎥 ОВА Е НАЈСЕКСИ МАЖОТ ЗА 2025 ГОДИНА Британскиот глумец се прослави во серијата „Бриџертон“

Британскиот магазин „Пипл“ прогласи познат британски актер за најсекси маж на светот за оваа година, а тој скромно коментираше дека иако е почестен, тоа му е по малку апсурдно.

158

Блескав во сè што прави, англискиот актер краде сцени – и срца – и го зацврстува својот статус како една од најпривлечните ѕвезди во Холивуд – пишува Пипл за актерот кој според изборот на магазинот е најсекси маж за оваа 2025 година.

– Тоа е огромна чест. Очигледно сум неверојатно поласкан. И тоа е сосема апсурдно. Тоа беше тајна, па затоа сум доста возбуден за реакциите на некои пријатели и семејството кога ќе дознаат.






Бејли стекна светска слава благодарение на улогата на Лорд Ентони Бриџертон во успешната драма на Нетфликс „Бриџертон“, која ја освои публиката ширум светот.

Потоа, актерот се префрли во Холивуд и постигна значајни улоги во големи филмски проекти како што се „Светот Јура: Преродба“ (Jurassic World: Rebirth) , „Злобни“ (Wicked) и претстојното продолжение „Злобни: Засекогаш“ (Wicked: For Good).

Титулата најсекси маж, Бејли ја наследи од Џон Красински, кој ја имаше оваа титула минатата година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Поврзани содржини