ОН: Потребни се 6,7 милијарди долари за помош на најсиромашните

Поголема сума на средства се потребни бидејќи се предвидува дека оваа година двојно ќе се зголеми бројот на гладни лица во светот и ќе изнесува 250 милиони.

176

На Обединети нации и се потребни 6,7 милијарди долари за да им помогне на најсиромашните луѓе во светот, кои се најпогодени од пандемијата со ковид-19. Тоа е повеќе од трипати од првичните проценки.

Поголема сума на средства се потребни бидејќи се предвидува дека оваа година двојно ќе се зголеми бројот на гладни лица во светот и ќе изнесува 250 милиони.






– Ако не дејствуваме сега, ќе мора да се подготвиме за значителен раст на конфликтите, гладот и сиромаштијата – изјави координаторот за хуманитарна помош при ОН, Марк Лоукок.

Тој додаде пандемијата веќе се одразила врз најсиромашните во светот, бидејќи нивните приходи се намалени, добиле откази, а веќе се соочуваат и со недостиг на храна, а на нивните деца не им се достапни вакцините поради пандемијата.

Лоукок предупреди и дека поради растечката сиромаштија луѓето можат да се приклонат кон естремистиките групи. Тој додаде дека е се зголемени терористички активности на Блиски Исток и во регионот Сахел во Африка.

Исто така, Лоукок истакна дека сиромаштијата може да ги натера луѓето да ги напуштат своите земји во потрага по подобри можности.

Поврзани содржини