ЏОН МАЛКОВИЧ ШОКИРАН ОД УПАДОТ НА ЏАМБАСКИ ВО СОФИСКИОТ ТЕАТАР Холивудскиот актер не може да поверува дека некој е навреден од Бернард Шо
Никогаш не мислев дека некој може да биде навреден од претставата. Немам право да цензурирам, па ни демонстрантите, моја работа е да режирам. Чудни времиња, им порача на новинарите холивудската легенда Џон Малкович по завршувањето на продукцијата „Guns and the Man“ во Народниот театар.
Холивудскиот актер Џон Малкович е вудоневиден од синоќешниот упад на демонстранти во Народниот театар во Софија каде се одигруваше претставата „Оружјето и човекот“ по текст на Џорџ Бернард Шо, пренесува 24часа.
– Ова е шармантна и смешна претстава. Сè уште мислам дека таа е. Никогаш не мислев дека некој може да биде навреден од претставата. Немам право да цензурирам, па ни демонстрантите, моја работа е да режирам. Чудни времиња – им порача на новинарите холивудската легенда по завршувањето на продукцијата „Guns and the Man“ во Народниот театар.
Малкович толкуваше улога во претставата.
Демонстрантите предводени од контроверзниот бугарски европратеник Александар Џамбаски рекле дека за нив претставата е навредлива бидејќи ги претставува во лошо светло бугарските војници во бугарско-српската војна од 1885 година.
Тие сметаат дека претставата е навреда за националните и христијанските вредности и дека Василев дозволил таква содржина.
Малкович вели дека не му ни паднало на памет дека претставата може да биде навреда. Тој потсети дека минатото лето ја поставил истата претстава во Летонија.
Текстот „Оружјето и човекот“ на Бернард Шо се смета за пародија на империјализмот и национализмот. Се раскажува за судбината на еврејско семејство и има трагичен крај.
Реакција за случајот стигна и од директорот на Народниот театар во Софија.
– Не дозволивме да го сквернават театарот, да фрлаат јајца внатре или напред. Денеска покажавме која е нашата професија. Што и да зависеше од нас, ние го направивме – објасни Васил Василев.
Според демонстрантите идатумот на премиерата не е случаен, бидејќи, како што велат, на 7 ноември бугарските трупи извојувале победа над српската војска во битката кај Сливница.