Џон Леџенд секоја година од Криси Тајген добива два исти божиќни подарока

528

Пејачот Џон Леџенд откри дека секоја година ги добива истите два божиќни подароци од својата сопруга, поранешната манекенка Криси Тајген.

– Првиот најчесто е торба што можам да ја носам остатокот од годината. Буквално ставам сè што ми треба во торбата – лаптоп, телефон, полначи, пасош, сето тоа е во таа торба. Ја носам со себе каде и да одам, така што ме потсетува на одличниот вкус и дарежливоста на Криси во текот на целата година – рекол Леџенд во својата серија „Legendary Christmas Tales “на Јутјуб.






„Таа исто така ми купува наметки. Ние сме семејство љубители на наметки. Сакаме постојано да носиме наметки низ куќата“, откри тој, што обично е уште еден подарок.

„Ми купува навистина добри подароци кои што можам да ги користам цело време, да се чувствувам добро со нив и да памтам кој ми ги подарил“, заклучил Леџенд.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Legend (@johnlegend)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини