ОН до ОАЕ: Сакаме доказ дека е жива принцезата Латифа

Таткото на принцезата Латифа, шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум, е еден од најбогатите владетели во светот.

269

Обединетите нации побараа од Обединетите Арапски Емирати доказ дека принцезата Латифа, ќерката на владетелот во Дубаи, шеикот Мухамед, е жива.

Во видеата снимени од принцезата Латифа и испратени до пријателите, таа го обвини својот татко дека ја држи во заложништво во Дубаи, откако се обидела да избега во 2018 година, пренесува Би-Би-Си.






Ќерката на премиерот на ОАЕ и владетел на Дубаи исто така изјави дека се плаши за својата безбедност и животот.

– Не знам дали ќе го преживеам ова. Уморна сум од сè, не сакам да бидам заложник, само сакам да бидам слободна – рече таа тогаш.

Таткото на принцезата Латифа, шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум, е еден од најбогатите владетели во светот.

Поврзани содржини