ОН БАРА РУСИЈА ДА Ѝ ПЛАТИ РЕПАРАЦИИ НА УКРАИНА Медведев одговори, „САД да ѝ платат на Југославија!“

Тие треба да ја усвојат истата препорака за целосна репарација на штетата што САД ја нанесоа на Кореја, Виетнам, Ирак, Југославија и многу други земји кои настрадаа од Американците и НАТО, напиша Медведев како одговор на тоа што во ОН мнозинството земји изгласале Русија да плати репарации кон Украина за воената штета.

2,041

Со мнозинство гласови, Генералното собрание на ОН усвои резолуција која ќе ја обврзе Русија да ги компензира загубите нанесени на Украина за време на конфликтот и ја препозна потребата да се создаде посебен „меѓународен механизам“ што ќе ѝ го овозможи тоа, пишува РТ.

Резолуцијата беше поддржана од 94 земји на гласањето од 193-членото светско тело во понеделникот. Уште 73 држави беа воздржани, додека 14 земји гласаа против. Меѓу другите, оние кои гласаа против резолуцијата ја вклучија и самата Русија, како и Кина, Иран и Сирија.






„Потребно е да се воспостави меѓународен механизам за репарација за штета, загуба или повреда“ што произлегува од „погрешните дејствија“ на Русија во Украина, се вели во резолуцијата. Членовите на собранието треба да создадат „меѓународен регистар“ кој ќе вклучува барања или податоци за штетите, загубите и повредите на Украина предизвикани од Русија, одлучи ОН.

Поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев, на својот канал на Телеграм ја коментираше одлуката на ОН. Тој напиша дека исти такви репарации САД треба да им платат на Југославија, Витенам, Ирак и други земји. 

„Тие треба да ја усвојат истата препорака за целосна репарација на штетата што САД ја нанесоа на Кореја, Виетнам, Ирак, Југославија и многу други земји кои настрадаа од Американците и НАТО“, напиша Медведев.

Инаку, „тоа изгледа како почеток на агонијата на Обединетите нации како клучна меѓународна институција за помирување“, нагласи тој.

 „Крајот ќе биде болен за целата меѓународна заедница. Ќе преживееме без таква организација на „обединети нации“.

Поврзани содржини