ОМО ИЛИНДЕН Е ПРОВОКАЦИЈА КОН КОВАЧЕВСКИ Петков нема да ја отвора темата за малцинството

Јас не би ја ни коментирал темата за македонското малцинство, рече бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во Собранието и вети дека „нема да подлегнува на провокации“.

821

Оваа влада не би ја отворила темата за македонското малцинство, јас не би ја ни коментирал, рече бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во Собранието и вети дека „нема да подлегнува на провокации“.

Според него, „ОМО Илинден е провокација кон новиот македонски премиер Димитар Ковачевски“.






– Најдоброто нешто за Бугарија е да има добрососедство, да има отворени граници, РС Македонија да биде демократска земја, да се ослободи од корупцијата и да има пристап до фондовите на ЕУ и Бугарите да бидат заштитени таму. Ова е долгорочната стратегија за која се бориме, но се согласувам, тоа не треба да се прави со игнорирање на бугарските интереси – рече Петков.

Поврзани содржини