Турските медиуми пренесуваат дека Бурак Озџивит и Фахрие Евчен се разведуваат. Како што објавуваат тамошните медиуми, актерската двојка не можела да ги реши брачните проблеми.
Бурак Озџвит, односно Бали бег од серијата „Величенствениот“ и Фахире Евџен, попозната како Неџла од познатата турска серија „Кога лисјата паѓаат“ се на работ да се разведат.
Проблемите во нивниот брак започнале откако Фахрие паднала во депресија поради смртта на татка си и не сакала да ги прифати советите и препораките на Бурак да побара стручна помош додека тој се грижел за нивниот син.
Според извор близок до парот, сопружниците не можеле да најдат заеднички јазик и за воспитувањето на едногодишниот Каран, затоа што секој сакал да го воспитува својот син на свој начин.
Бурак, наводно, веќе немал трпение за однесувањето на неговата сопруга, но таа, како што велат, е подготвена на сè за да го задржи, па решила кариерата да ја стави на пауза.
Бурак и Факрие ја освои публиката во турските серии, а тие се вљубија на снимањето на една од нив. Подоцна го снимија филмот „Љубовта личи на тебе“, а јавноста во тоа време дозна дека се во врска. Се венчаа во 2017 година во Истанбул по четиригодишна врска, а лани го добија синот Каран.
– Страста се разви меѓу нас веднаш штом се запознавме, тоа беше посебна енергија. Откако го направивме филмот заедно, нашата врска стана посилна и подлабока – објаснил своевремено Бурак.
FOTO: Instagram