ОМИКРОН СТИГНА ВО СЛОВЕНИЈА, ХРВАТСКА И ВО ЦРНА ГОРА Случаите се потврдени, се откриваат нови кластери

Во Љубљана потврден е еден случај, а забележан е цел кластер на омикрон-сојот на коронавирус, додека во Хрватска и во Црна Гора првите случаи беа регистрирани на четврти декември.

885

Три од блиските земји во нашиот балкански регион и официјално го „добија“ новиот омикрон-сој на коронавирусот, откако денеска тој беше потврден во Словенија. Во главниот град на оваа земја забележан е цел кластер со овој сој, а потврден е еден заразен, објасни денеска претседателот Јанез Јанша во словенечкиот парламент, а секој трет тест на корона бил позитивен, пишува Нова.

Омикрон-сојот во Хрватска, пак, беше регистриран уште на почетокот на месецот од лице кое било во контакт со друго лице од Јужноафриканската Република.






„По многубројните новинарски прашања од Институтот Руѓер Бошковиќ (РБИ) по најавата на Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ) дека постои сомневање за новиот омикрон-сој кај еден пациент во Хрватска, можеме да потврдиме дека неговиот примерок за одредување на присутност од САРС-КоВ е потенцијално позитивен“, се наведува во соопштението од 4 декември.

Првиот случај на омикрон-сојот во Црна Гора исто така беше идентификуван на 4 декември.

„Сите контакти се во изолација. Сите членови на семејството се во добра општа состојба, со благи симптоми“, се вели во тогашното соопштение на Институтот за јавно здравје на Црна Гора (ИЈЗ).

Се работи за лице кое долетало во Црна Гора од Јужноафриканската република, а на првиот лет до Франкфурт било заедно со друго лице кај кое претходно бил потврден омикрон-сојот.

Поврзани содржини