ОМИКРОН-СОЈОТ ПОТЕКНУВА ОД ПАЦИЕНТ КОЈ ИМАЛ ХИВ? Еве што значи тоа за вирусот
Лицата со ХИВ имаат ослабнат имунитет доволен за вирусот забрзано да мутира, а општо земено пациентите со ХИВ во Африка не се третираат соодветно и не се во потребната изолација, смета германскиот виролог Карстен Вацл. Големиот број на мутации значи и дека научниците не можат да ги препознаат сите антитела од овој вирус.
Новиот омикрон-сој кој ги загрижи Европа и светот веројатно првпат се јавил кај пациент кој имал ХИВ или слична форма на слаб имунитет, изјави секретар на Германското здружение на имунолози Карстен Вацл. Тој смета дека таквата претпоставка е веродостојна и ја потврдил со слични истражувачки резултати откриени во други медицински случаи, пишува Нет.
Кај лица со слаб имунитет вирусот брзо мутира
ХИВ е вирус на хумана имунодефициенција, а името го добил по кратенката на англискиот термин „Вирус на човечка имунодефициенција“. Предизвикува уништување на имунолошкиот (одбранбен) систем и доведува до појава на разни болести. Недостаток на имунолошкиот систем е слабоста и неспособноста на одбранбениот систем на телото да се бори со разни болести. Вацл додава дека кај лица со ослабен имунолошки систем, вирусот може да се реплицира во текот на неколку недели.
„За време на овој процес, може да се појават повторени изолирани мутации кои можеби нема да му дадат никаква предност на вирусот, но тие сепак би можеле да продолжат да се размножуваат бидејќи имунолошкиот систем не е во состојба да ги контролира“, објасни тој.
Триесет мутации значат дека тешко можеме да ги препознаеме антителата
Во споредба со оригиналниот вид на коронавирус, кој првпат се појави во Вухан, Кина, омикрон-сојот има невообичаено голем број – околу 30 промени на аминокиселините само на шилестиот протеин, што се промени толку многу што постоечките антитела е тешко да се препознаат и, следствено, тешко да се откријат.
Пациентите со ХИВ во Африка не се третираат соодветно
Познато е дека некои од мутациите се поврзани со поголема преносливост, распространетост и имуноевазивност, што значи избегнување на постоечкиот имунитет што го стекнал човекот, но Вацл смета дека сè уште не е јасно каков ефект ќе има оваа конкретна комбинација на мутации. Многу пациенти со ХИВ во Африка не се третираат соодветно, поради што нивниот имунолошки систем е значително ослабен.
– За да се спречи ширењето на соеви кои мутирале како омикрон-сојот, заразените имунокомпромитирани лица треба да се идентификуваат и изолираат сè додека не се повеќе заразни. Бидејќи тоа што ги загрижува научниците е преносот на мутираниот вирус од едно на друго лице-вели германскиот имунолог.