ОМИКРОН-СОЈОТ КОСИ ВО ЈУЖНА АФРИКА Три пати повеќе луѓе завршиле во болница во последните две недели
Сепак, сè уште не е можно точно да се утврди колку новата варијанта предизвикува луѓето да завршат во болница, бидејќи секвенционирањето на гените се врши само во мал број на случаи, пишува Mirror.
И до 330 отсто повеќе граѓани на Јужноафриканската Република завршиле на болничко лекување во последните недели во провинцијата Гаутенг, а многумина веруваат дека тоа е поради малата вакцинираност. Нешто помалку од 40 отсто од 12-те милиони жители на Гаутенг имале примено прва доза, а регионот го вклучува и главниот град Јоханесбург, пренесува Нет.
Со други зборови, бројот скокнал од 120 на 580 хоспитализации, иако властите велат дека случаите со омикрон се од типот на лесен ковид. Сепак, научниците сè уште стравуваат дека ова е најзаразната варијанта досега.
– Нивните симптоми беа толку различни и поблаги од оние што ги третирав претходно – рече д-р Анџелика Коеци од Јужноафриканската медицинска комора и продолжи:
– Тоа е блага болест со симптоми како болки во мускулите и замор кои траат ден или два. Досега откривме дека заразените луѓе немаат губење на вкусот и мирисот. Може да имаат блага кашлица, но без поизразени симптоми. Некои од заразените моментално се лекуваат дома – вели таа.
Сепак, сè уште не е можно точно да се утврди колку новата варијанта предизвикува луѓето да завршат во болница, бидејќи секвенционирањето на гените се врши само во мал број на случаи, пишува Mirror.