ОМИКРОН-СОЈОТ ЌЕ НЀ ПОСЕТИ ВО ЈАНУАРИ? Епидемиолозите со свои прогнози за Македонија
Според Олунчев, најподлежни на омикрон и делта-плус сојот ќе бидат младите, оние меѓу 20 и 30 години, тинејџерите и студентите, кои се со најактивен социјален живот, како и невакцинираните граѓани.
Негде околу Нова Година би можел да пристигне и кај омикрон-сојот на коронавирусот, а приближно во исто време би стигнала и делта-плус варијантата, објаснува за Телевизија 24 епидемиологот Сашко Олунчев. Според д-р Злате Мехмедовиќ Македонија мора брзо да донесе нови мерки и да го ограничи влезот на граѓани од земјите каде го има овој сој.
Влезот за граѓани од земји во јужноафриканскиот регион веќе го ограничија повеќе држави, меѓу кои Израел и Велика Британија, а бројни европски земји размислуваат за карантин и заострување на ковид-мерките. Според Олунчев, најподлежни на омикрон и делта-плус сојот ќе бидат младите, оние меѓу 20 и 30 години, тинејџерите и студентите, кои се со најактивен социјален живот, како и невакцинираните граѓани.
Омикрон-сојот веќе беше детектиран во Италија, Германија, Белгија, а има и случаи во Хонгконг. Македонија каска со вакцинацијата пред четвртиот зимски бран. Само 38 отсто од вкупното насление е вакцинирано со две дози.
Истовремено, д-р Даниловски за Канал 5 изјави дека Македонија треба да го следи Израел и да ги сопре сите воздушни линии со земји кајшто е регистриран омикрон-сојот и да воведе карантин за тие што ќе влезат.