ОМИКРОН ПРИСТИГНА ВО ЗЕМЈАВА Станува збор за реинфекција кај пациент вратен од Велика Британија

Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски – се вели во соопштението од МЗ.

1,532

Министерството за здравство информира дека во Република Северна Македонија, денеска е деректиран првиот случај на сојот омикрон на вирусот „SarsCoV2“.

– Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски – се вели во соопштението од МЗ.






Оттаму додаваа дека пациентот по прележувањето на болеста примил две дози од вакцината „Фајзер“.

– По втор пат позитивен тест на ковид-19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот омикрон. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом – информираат од министерството за здравство.

Поврзани содржини