ОМИКРОН ИЛИ НАСТИНКА? Овие три симптоми се пресудни!
Голем дел од пациентите кои се заразиле со омикрон варијантата се жалат на гребење во грлото, но научниците сега ги утврдија најважните три симптоми кои ги дава омикронот, а кои нема да ги почувствувате доколку сте настинати.
Новиот омикрон сој на коронавирусот предизвикува многу слични симптоми како и обичната настинка, но сепак, постои начин како да се направи разлика и како соодветно да се одлучи дали треба да се тестираме и да одиме во ковид-амбуланта.
Голем дел од пациентите кои се заразиле со омикрон варијантата се жалат на гребење во грлото, но научниците сега ги утврдија најважните три симптоми кои ги дава омикронот, а кои нема да ги почувствувате доколку сте настинати.
– Единствента карактеристика на коронавирусот е губењето на чувството за вкус и за мирис, а тоа не е случај со настинката. Исто така, обичната настинка не предизвикува силна треска или силна главоболка, кои се доминантни симптоми на омикрон. Ако ги имате овие симптоми, тогаш многу е поголема веројатноста дека имате корона отколку настинка. Од друга страна, слични симптоми на омикрон и настинка вклучуваат болки во грлото, лесна треска, кашлање, отежнато дишење, зголемена телесна температура, краток здив – објасни д-р Хаи Шао, лекар за заразни болести во медицинскиот центар Шарп Чула Виста во Сан Диего.