ОМИКРОН ГО ЗЕДЕ ПРВИОТ ЖИВОТ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Десетмина веќе завршиле во болница

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека треба да ја заборавиме идејата дека омикрон-сојот е поблага варијанта на вирусот и да признаеме дека тој брзо се шири кај населението и дека примањето трета или засилена доза од вакцината е најдоброто нешто што може да се направи.

349

Најмалку едно лице е починато од новиот омикрон-сој на коронавирусот во Велика Британија, објасни премиерот Борис Џонсон при посетата на клиника за вакцинација во Лондон, пишува Н1.

– За жал, омикрон е причина за хоспитализацијата и за жал најмалку еден пациент почина од инфекција со омикрон – рече тој.






Британскиот премиер исто така рече дека треба да ја заборавиме идејата дека омикрон-сојот е поблага варијанта на вирусот и да признаеме дека тој брзо се шири кај населението и дека примањето трета или засилена доза од вакцината е најдоброто нешто што може да се направи.

Десет лица веќе завршиле во болница поради омикрон-сојот, потврди британскиот министер за здравство, Саџит Џавид.

Поврзани содржини