ОМИКРОН БИЛ ВО ЕВРОПА ПЕТ ДЕНА ПРЕД ДА СТИГНЕ ВО ЈУЖНА АФРИКА? Холандските лекари пак ги испитуваат примероците од вирусот

Холандските здравствени власти објавија дека ја откриле варијантата од примероците кои датираат од 19 ноември и 23 ноември, иако уште не е јасно дали луѓето од кои биле земени примероците патувале во Јужна Африка во тоа време.

486

На 24 ноември, научниците од Јужноафриканската Република ја предупредија Светската здравствена организација (СЗО) за силно мутираната варијанта на ковид-19, сега наречена омикрон, за која се претпоставува дека мутирала во нивната земја. Сепак, се појавија информации кои сугерираат дека омикрон-сојот всушност бил во Европа барем пет дена пред тоа предупредување, а во Нигерија неколку недели претходно, пишува ИФЛ Наука.

Холандските здравствени власти објавија дека ја откриле варијантата од примероците кои датираат од 19 ноември и 23 ноември, иако уште не е јасно дали луѓето од кои биле земени примероците патувале во Јужна Африка во тоа време. Во исто време, Нигерија објави дека и тие пронашле примероци што го содржат омикрон-сојот од октомври кај патник што влегувал во земјата. Но, и тие не знаат од каде доаѓаат примероците.






Заедно, податоците сугерираат дека омикрон-сојот циркулирал низ јужна Африка, па дури и во Европа до моментот кога Јужна Африка го вклучи алармот. Сега, јужноафриканските научници велат дека се чувствуваат „казнети “ од многу земји, кои воведоа забрана за патување во Јужна Африка, и покрај тоа што геномската секвенца со која тие го открија е единствената причина поради која светот е свесен за омикрон-сојот.

СЗО неодамна објави дека повеќето случаи со омикрон-сојот се „благи“ и дека „нема докази“ дека вакцините со mRNA ќе бидат помалку ефикасни кон него, врз основа на сегашните податоци. Сѐ уште нема информации дали новата варијанта е повеќе пренослива.

Професорот Нил Фергусон за Скај Њуз вели дека можно е омикрон да биде она што за алфа беше делта-сојот, со други зборови попренослив сој кој успешно го избегнува имунитетот на повеќето луѓе, иако ова допрва треба да биде потврдено.

Поврзани содржини