ОМД ДОДЕЛИ 18 СТИПЕНДИИ „БИТОВ“ Стипендијата се доделува од 2009 година
Стипендијата „Битов за македонско наследство" е именувана по покојниот член и поддржувач на ОМД, Џон Л.Н. Битов.
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Фондацијата Битов годинава доделија рекордни 18 стипендии за македонско наследство, соопшти организацијата.
„Листата на добитниците на стипендијата „Битов за македонско наследство” е составена од видни и горди Македонци кои имаат високи амбиции во областа на правото, бизнисот, медицинските студии, општествените науки и политичките науки. Почнувајќи од дипломирани студенти до оние кои се возбудени да ги направат своите први чекори во високото образование. Уверени сме дека добитниците на стипендијата Битов ја претставуваат следната генерација македонски лидери” – се вели во известувањето на ОМД.
Фондацијата е основана во 2009 година и именувана е по долгодишниот член и поддржувач на ОМД, покојниот Џон Л.Н. Битов.
Оваа години стипендијата ќе ја добијат Кристијан Андонов, Изабела Бараковска, Тифани Фаруџа, Алекса Гламчевски, Ангела Јосифова, Ања Николова, Еван Нилов, Николас Ночевски, Анастасија Петровска, Џо Рајчевски, Ивана Ристова, Кристијан Ростанковски, Јана Савевска, Слободанка Смилкова, Јавуз Селим Топбас, Никола Трајановски и Христина Велјановска, информира организацијата.