ОЛИВИЈА ЊУТН ЏОН ПОЧИНА ОД РАК НА ДОЈКАТА Ѕвездата од „Брилијантин“ 30 години се бореше со болеста
Во 2017, Њутн-Џон откри дека ѝ се вратил ракот од кој првпат се разболе во 1992, при што ѝ се проширил на ‘рбетот. Таа кажа дека имала и втора дијагноза во 2013, но јавноста не дознала за неа.
Актерката и пејачка Оливија Њутн-Џон почина на 73 години, објави нејзиниот сопруг на Фејсбук.
„Оливија почина мирно на нејзиниот ранч во јужна Калифорнија, окружена од семејството и пријатели. Таа беше симбол на триумф и на надеж во изминатите 30 години, споделувајќи го своето патување со ракот на дојката“, напиша Џон Истерлинг.
Во 2017, Њутн-Џон откри дека ѝ се вратил ракот од кој првпат се разболе во 1992, при што ѝ се проширил на ‘рбетот. Таа кажа дека имала и втора дијагноза во 2013, но јавноста не дознала за неа.