ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ОЧЕКУВА ИТНА ДЕКЛАСИФИКАЦИЈА НА СИТЕ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО Ексминистерот бара одговорност

Конечно мора да се застане на патот на оние кои злоупотребуваат, а службите да бидат заштитник на уставниот поредок на државата и на граѓаните – изјави Спасовски за Плусинфо.

1,032

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува итна декласификација на целата документација за случајот со незаконското прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година.

– Постои постапка согласно која АНБ може да ги обелодени сите информации и сите документи. Вистината мора да биде целосно достапна на јавноста и мора низ една транспарентна, законска постапка да се утврди дали и кој направил злоупотреби, и секако да се бара одговорност. Конечно мора да се застане на патот на оние кои злоупотребуваат, а службите да бидат заштитник на уставниот поредок на државата и на граѓаните – изјави Спасовски за Плусинфо.






Денеска беше откриено дека и Оливер Спасовски бил жртва на незаконското прислушување од страна на лица од АНБ во периодот 2019-2024 година.

Тој не коментираше дали знаел дека бил таргет ниту дали има вистина во шпекулациите дека акцијата против него ја водел Јовче Ременски.

АВТОРОТ НА БЕЛЕШКАТА ЗА ОРЦЕ КАМЧЕВ ПРИЗНАЛ ДЕКА ЈА НАПРАВИЛ ПОД ПРИТИСОК НА ШЕФОВИТЕ Оливер Спасовски, Драган Ковачки, Вилма Русковска биле на списокот за „обработка“

Поврзани содржини