Олимписките игри започнуваат за две недели, а Токио прогласи вонредна состојба поради ковид-19

Летните олимписки игри започнуваат на 23 јули и ќе траат до 8 август.

243

Јапонската влада денес формално прогласи вонредна состојба во Токио со цел да се потисне пандемијата на коронавирусот, која ќе биде на сила за време на претстојните Олимписки игри, објави премиерот Јошихиде Суга.

Рестриктивните мерки, кои ќе стапат на сила во понеделник и ќе бидат на сила до 22 август, значат дека Олимписките игри во главниот град на Јапонија може да се одржат без публика.






Летните олимписки игри започнуваат на 23 јули и ќе траат до 8 август.

Суга рече дека вонредната состојба е неопходна со цел „да се спречи идното ширење на вирусот ковид-19 во земјата“, пренесува АП.

Во исто време, мерките што веќе се на сила во Окинава, Осака, Канагава и други области се продолжени.

Мерките, кои во моментов се на сила во другите пет префектури, истекуваат во недела, како што беше планирано.

Претседателот на МОК пристигна

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, пристигна денес во Токио, во време кога се очекуваше да биде прогласена нова вонредна состојба во Токио, а присуството на публика на Олимписките игри беше забрането поради ширењето на коронавирусот.

Бах им избегал на камерите на аеродромот „Ханеда“ и отишол во седиштето на МОК во Токио, кој се наоѓа во хотел со пет sвезди во центарот на градот. Се очекува тој да остане во самоизолација следните три дена.

Бах пристигна само две недели пред почетокот на одложените Олимписки игри. МОК и организаторите се обидуваат да обезбедат одржување на натпреварувањата за време на пандемијата и покрај противењето на јапонската јавност и здравствената заедница.

Поврзани содржини