ОЛИМПИСКИОТ ХЕРОЈ ЈА СИЛУВАЛ ЌЕРКАТА НА ТРЕНЕРОТ? Јаник Ањел се соочува со судски процес

Пливачот беше уапсен во декември 2021 година, а неговиот случај повторно ја подели француската јавност, меѓу спортски легенди кои бараат „правичен процес“ и активисти кои повикуваат на „нулта толеранција кон злоупотреби во спортот“.

0

Францускиот олимписки шампион во пливање, Јаник Ањел, ќе се соочи со судење за силување и сексуален напад врз малолетничка, откако судот во Колмар ја одби неговата жалба.

Во фокусот на обвинението е врската што пливачот ја имал во 2016 година со Наом Хортер, ќерка на неговиот тренер, која тогаш имала само 13 години.






Ањел признал дека имал интимни односи со девојката, тврдејќи дека тие биле љубовни и доброволни. Сепак, француското обвинителство смета дека станува збор за „сериозно кршење на законот за заштита на малолетници“.

Пливачот беше уапсен во декември 2021 година, а неговиот случај повторно ја подели француската јавност, меѓу спортски легенди кои бараат „правичен процес“ и активисти кои повикуваат на „нулта толеранција кон злоупотреби во спортот“.

Ањел освои два златни медали на Олимписките игри во Лондон 2012, на 200 метри и во штафетата 4×100 метри слободно. По тие триумфи, тој се повлече од активното пливање во 2016 година, но остана влијателен во спортските кругови.

Судскиот процес ќе започне во текот на 2026 година, а доколку биде прогласен за виновен, пливачот може да се соочи со повеќегодишна затворска казна.

 

Поврзани содржини