📽️ ОЛИМПИСКИ „КАМЕЛЕОН“, ТРЕНЕР ГИ МЕНУВА ЈАКНИТЕ НА СЕКОИ 30 СЕКУНДИ! Французинот е хит на Игрите, работи со 16 лизгачи од 13 земји

Францускиот тренер Беноа Ришо стана вирален хит на Зимските олимписки игри откако камерите го уловија како менува репрезентативни јакни и трча од еден натпреварувач до друг.

49

На Зимските олимписки игри сме виделе солзи, сензации, драматични падови и историски медали. Но, ваква сцена – речиси театарска – досега немало.

Името што треба да го запомните е Беноа Ришо. Францускиот тренер работи со дури 16 лизгачи од 13 различни земји и стана вистинска интернет-сензација откако камерите го фатија како буквално трча од еден натпреварувач до друг – менувајќи јакни за да одговара на секоја репрезентација.






Во еден момент е во боите на една земја, неколку секунди подоцна веќе носи друга јакна и бодри нов олимписки претставник.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by whitecollarhumor (@whitecollarhumor)

„Штом ја сменам јакната, го менувам и карактерот“

Ришо и самиот е свесен колку необично изгледа тоа од страна.

– Предизвикувачки е. Возбуден си бидејќи еден лизгач направил нешто совршено, а потоа веднаш мораш да се вратиш и да се приспособиш на некој друг. Штом ја сменам јакната, се чувствувам како да сум го сменил и лизгачот со кој работам. Јас сум различен – сè зависи од тоа што им треба од мене – објасни Ришо.

Тој додава дека неговиот пристап варира од благ до поостар, зависно од личноста и темпераментот на спортистот.

– Олимписките игри се светиот грал. Сакам да направам нешто поголемо за овој спорт. Моите лизгачи знаат дека сум целосно посветен на сите нив. Не чувствуваат никаква разлика – порача францускиот стратег.

Интернетот „полуде“

Снимките од неговото пресоблекување веќе кружат на социјалните мрежи, а многумина се шегуваат: „За кого навива?“.

Иако не е реткост еден тренер да работи со повеќе лизгачи, речиси е неверојатно да се гледа како во рок од неколку секунди тој менува репрезентативни јакни и улоги – како актер што преминува од една сцена во друга.

Сепак, зад шоуто стои сериозна посветеност и внимателна психолошка подготовка.

Поврзани содржини