📽️ ОЛИМПИСКА ДРАМА Линдзи Вон се струполи на теренот, хеликоптер ја одвезе од терените
Вон по страшниот пад остана да лежи на патеката и да чека помош од медицинскиот тим. Снимката покажа дека левата нога на Вон се извиткала неприродно по падот. Натпреварувањето беше времено прекинато.
Американската алпска скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад на почетокот на своето возење на денешната трка во спуст на Олимписките игри во Кортина.
Вон по страшниот пад остана да лежи на патеката и да чека помош од медицинскиот тим. Снимката покажа дека левата нога на Вон се извиткала неприродно по падот. Натпреварувањето беше времено прекинато. Хеликоптер ја пренесе Вон во болница.
Американката дојде на Олимпијадата со повреди. Таа падна за време на натпреварувањето од Светскиот куп во Кран-Монтана (Швајцарија) на 31 јануари, што резултираше со скинат преден вкрстен лигамент, модринка на коската и скинат менискус на левата нога.
За состојбата на Вон се чекаат официјални информации од организаторите на Олимпијадата во Италија.
💔 LA CAÍDA DE LINDSEY VONN.#MilanoCortina2026 pic.twitter.com/jBPRHbnr9e
— Eurosport.es (@Eurosport_ES) February 8, 2026
BREAKING: American Olympic skier Lindsey Vonn airlifted by helicopter after crashing in downhill skiing https://t.co/LiA7mc2j9W pic.twitter.com/syUhDvs48O
— Rapid Report (@RapidReport2025) February 8, 2026
Женскиот спуст на Зимските олимписки игри во моментот повторно е во прекин, откако Канде Морено од Андора го повреди коленото по тежок пад.