ОЛИГАРХИЈАТА Е СОЗДАДЕНА ОД СДСМ Секогаш кога оваа партија е на власт се раскрчмува државниот имот

Целата операција се прави сега кога се менува раководство во СДСМ, кога владата е во оставка, кога секој гледа да приграби и кога се прават најголемите криминали, вели Арсовски.

674

Секогаш кога СДСМ била на власт државниот имот се раскрчмувал и така е настаната и олигархијата. А сите знаеме што се случуваше во деведесетите години, 200 илјади луѓе остнаа без работа, над 600 фабрики затворени, беа купени односно присвоени од олигарсите на СДСМ. Денес е иста ситуација. Сега тоа сакаат да го направат со имотот на Славија кој чини над 20 милиони евра, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизја Алфа.

Тој посочи дела целата операција се прави сега кога се менува раководство во СДСМ, кога владата е во оставка, кога секој гледа да приграби и кога се прават најголемите криминали.






– На документот јавно објавен стои дека продажбата ќе се одржи на два три дена пред Нова Година. Јавноста е насочена кон промена на состав на Влада и останати актуелни теми, ама они планираат продажба на Славија – рече Арсовски.

Тој спореди и документи од 2012 и од 2021 година. Прво, според документите, рече Арсовски, во 2012 година акција чинела 105 473 денари, во 2021 година чини само 3.060 денари.

– Замислете каква разлика. Оттука е и вкупната вредност на пакетот 218 илјади евра која ја кажуваат – рече Арсовски.

Втората работа, кажа тој, ова е најава за сериозен криминал.

– Пуштаат оглас за продажба без никаква проценка од надлежните. Имало такви проценки претходно. Тоа е многу атрактивен дел сега – вели Арсовски.

Тој изнесе низа на детали во врска со случајот АД Славија. Или дека само управната зграда чинела 9 милиони евра по проценка од 2016, но таму е инвестирано дополнително, што значи вредноста се покачува.

– Таму се чека и приватизација на земјиштето од околу 40 илјади квардрати и цената повторно се зголемува – кажа Арсовски кој информираше дека има имот и на булевар Борис Трајковски и таму се подигнува вредоста бидејќи има маркици на тоа земјиште.

– И они виделе бонбона бизнис и сакаат и тоа земјите да го земат за 218 милиони евра. Но, има уште многу имот оваа фирма – рече Арсовски изнесувајќи детали каде се има имот оваа фирма, кои се локациите.

Во сите пресметки ги нема 30 вработени кои се против оваа постапка.

– Оние кои сакаат да купат за 219 милиони евра нив не ги интересираат овие вработени, тие купуваат имот за да прават згради. Мора да бидеме свесни и за ова, според мои информации меѓу 50 и 80 илјади евра се слеваат во Славија само од закупнина – рече Арсовски.

Тој информираше и дека во моментов на сметката на Славија има стотина илјади евра кои со купувањето ќе припаднат на новиот сопственик. Или дека дополнитено во годишна сметка изминативе години Славија пријавува и до 50 милиони денари.

– Тоа се приходи од работата на АД Славија – рече Арсовски кој укажа дека за сето ова, за сиот овој криминал молчат сите, а молчи и Димитар Ковачевски кој ќе ја составува новата влада.

Според Арсовски единствено решение е да се прекине постапката за продажба и ги повика антикорупционерите од Државната комисија за спречување на корупција да отворат случај, а не како што рече да молчат и да играат видео игри.

– Тие треба да излезат и да го прекинат ова. Правдата мора да биде задоволена и секој кој го прекршил законот ќе мора да одговаара, а ќе се смени власта и ќе одговараат. Ова мириса на сериозен криминал – заклучи Арсовски.

Поврзани содржини