Украинската актерка и манекенка Олга Куриленко (40) објави дека е излекувана од коронавирусот.
Поранешната девојка на Бонд, во филмот за агентот 007 „Quantum of Solace“, претходно изјави дека две недели се бори со коронавирусот и дека за тоа време е во изолација во својата куќа. Олга објави дека сега конечно се чувствува добро.
„Јас сум целосно закрепната и здрава сум. Да резимирам: една недела се чувствував навистина лошо и во најголем дел бев во кревет, спиев, со треска и силна главоболка. Другата недела температурата се спушти, но се појави мала кашлица и бев многу изморена. До крајот на втората недела бев сосема во ред“, напиша Олга на Инстаграм, со емотивна фотографија на која нејзиниот син ѝ седи во скут.
Таа истакна дека сега ќе ужива во времето со својот наследник и го честита „Денот на мајките“.
„Сега уживам во ова време, размислувам за многу работи и го поминувам времето со мојот син“, порачала актерка.
Да потсетиме, на убавата Украинка, откако објави дека има коронавирус, ѝ пристигна поддршка од сите страни, многу колеги ѝ посакаа брзо да оздрави.
FOTO: Instagram/Printskrin