Џолев: Граѓаните сами ни нудат мито, а за тоа се виновни медиумите кои пишуваат дека судиите се корумпирани
Претседателот на кривичниот суд смета дека медиумите се виновни за тоа што граѓаните им нудат мито на судиите, бидејќи пошуваат за корумпирани судии.
Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев смета дека граѓаните се корумпирани и сами им нудат мито на судиите, но за тоа се виновни медиумите кои пишуваат дека судиите се корумпирани.
Џолев ова го изјави во дускусија на денешната дебата на тема „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“ организаирана од Антикорупциската комисија.
– Јас сметам дека граѓаните се корумпирани и никој не пишува за тоа. Лично ми приоѓаат да сум им завршел предмет, отворено пројавуваат намера да дадат и бакшиш или мито, не само кај мене, туку и кај други колеги. Јас им велам: ’Ај ве молам!’ Сметам дека за тоа се виновни и медиумите, пишувајќи постојано дека судиите се корумпирани. Практично ги хранат граѓаните со такви информации и ги учат дека на тој начин треба да ја добијат правдата пред судот – изјави Џолев, пренесе СДК.