ОЛЕСНЕТИ СЕ КОВИД МЕРКИТЕ Нови правила за влез во Косово, Норвешка и во Бугарија

914

Се олеснуваат мерките за влез на македонските државјани во Косово, Норвешка и во Бугарија, соопшти Министерството за надворешни работи.

Со најновата одлука на Владата на Косово, се укинува барањето за нашите државјани при влез да приложат потврда за примена трета доза на вакцина против коронавирусот. Со новата одлука која ќе стапи на сила почнувајќи од утре, нашите државјани можат да влезат во Косово доколку поседуваат сертификат за примени две дози вакцини против ковид-19, или една доза но со ПЦР тест не постар од 48 часа.






Со новите мерки, меѓу другото, се скратува полицискиот час, односно движењето на граѓаните е дозволено, наместо од 22 како досега, од 24 до пет часот наутро. Исто така, се продолжува и работното време на угостителските објекти, наместо до 21.30, до 23 часот и се укинува обврската за носење заштитни маски на отворено.

Одлуката да се ублажат мерките, според предлагачот, Комитетот за справување со пандемијата на ковид-19, е донесена откако последните денови се намали процентот на заразени споредено со бројот на тестирани.

Норвешка им ги укина ограничувањата за влез на наши државјани, при што сепак продолжува да се бара пополнување на формулар за регистрација пред влегување во Норвешка (https://reg.entrynorway.no/) како и задолжително приложување на негативен ПЦР тест направен 24 часа пред влез во Норвершка, доколку лицето е постаро од 18 години и не поседува валиден сертификат за вакцинација или за прележан ковид-19.

Олеснети се и мерките за влез во Бугарија, кои предвидуваат приложување на еден од следните документи: сертификат за примени две или три дози на вакцина против ковид- 19; сертификат за прележан ковид- 19; негативен ПЦР или негативен антиген тест.

Повеќе информации на следниот линк: https://mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

 

 

 

Поврзани содржини