Олабавување на мерките во Австрија: Нема фризура без негативен тест
Сите ученици ќе се тестираат двапати неделно со антигенски тестови. Тестот ќе важи 48 часа. Наставниците задолжително мора да се тестираат еднаш неделно. Владата обезбедила 20 милиони брзи антигенски тестови за 1,3 милиони ученици, 130.000 наставници, пишува Дер Стандард.
Од 8 февруари Австрија ќе ги олабави епидемиолошките мерки, ќе ги отвори продавниците, музеите, галериите и зоолошките градини, со ограничување на бројот на купувачи и посетители. Училиштата се отвораат, а на час може да одат само децата со негативен тест на Ковид-19. Во продавница може да се влзе само со ФФП2 маска, казната за неносење маска ќе се зголеми од 20( односно 50 за повторување) на 90 евра. Министерот за внатрешни работи најави построги контроли за задолжително носење маски.
Повторно ќе се отворат фризерските и козметичките салони кои досега биле затворени, но под услов да покажете негативен резултат од тест за ковид-19 и тоа не постар од 48 часа. Полицискиот час останува од 20 до 6 часот наутро. Ќе биде дозволено дружење на две семејства до 20 часот. Тоа било договорено на состанокот на сојузната влада и покраинските лидери вчера попладне.
– Добра вест е дека карантинот даде добри резултати – објави премиерот Себастијан Курц, но лоша вест е дека се шири мутираниот сој, што го намалува успехот од карантинот. Тој предупредил дека во случај на експоненцијален раст на бројот на заразени повторно ќе ги врати ограничувањата.
Целта на Австрија е да го намали бројот на заразени под 50 на 100.000 жители за една недела, во моментов се на 110.
Основците од првитев четири одделенија од понеделник ќе одат во училиште секој ден. Повозрасните, од пето до осмо и средношколците ќе бидат поделени во две групи: групата А во училиште ќе оди во понеделник и вторник, групата Б во среда и во четврток, додека во петок сите ќе учат онлајн, пишува Дер Стандард.
Сите ученици ќе се тестираат двапати неделно со антигенски тестови. Тестот ќе важи 48 часа. Кој не сака да се тестира или родителите му забрануваат, ќе учи сам дома, но не како официјалната варијанта на онлајн настава. Учениците од прво до четврто немаат обврска да носат маска, средношколците и наставниците мора да носат поскапи и поквалитетни маски ФФП2 или обична маска, откако ќе се тестираат.
Наставниците задолжително мора да се тестираат еднаш неделно. Владата обезбедила 20 милиони брзи антигенски тестови за 1,3 милиони ученици, 130.000 наставници, пишува Дер Стандард.