Олабавени ограничувањата во земјите на ЕУ: Целосно вакцинираните слободно ќе патуваат
Луѓето кои се вакцинирани со две дози, односно од втората вакцина да поминале најмалку 14 дена, ќе можат слободно да патуваат од една членка на ЕУ во друга, тврдат тројца европски дипломати.
Членките на Европската унија се договориле да ги олабават ограничувањата за патувања во текот на летото, што ќе овозможи целосно вакцинираните туристи да ги избегнат тестовите или карантинот, јавува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на европски дипломати.
Исто така договорено е и проширување на листата на региони во ЕУ во кои е безбедно да се патува, додаваат дипломатите.
Амбасадорите од 27 земји членки на ЕУ одобриле модифициран предлог на Европската комисија, на луѓето кои се вакцинирани со две дози, односно од втората вакцина да поминале најмалку 14 дена, ќе можат слободно да патуваат од една членка на ЕУ во друга, тврдат тројца европски дипломати.
Договорот ќе се применува на национално ниво.