ОКУПАЦИЈА МОЖЕ ДА ИМА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ Русија натрупа доволно војска да го заземе Киев

Според Белата куќа, Владимир Путин најверојатно ја планира окупацијата негде кон средината на февруари, а би можела да се случи во секое време. Така зборуваше Џејк Саливан, државниот советник за национална безбедност во неделата. На сличен став е и Андиј Загородњук, поранешен минитер за одбрана на Украина.

1,028

Русија има доволно војници за да го заземе Киев или кој било друг украински град, но сè уште нема доволен број за целосно преземање и окупација на земјата, изјави Андриј Загородњук, поранешен министер за одбрана на Украина, пишува Гардијан. Истовремено, Белата куќа изјави дека Москва натрупала најмалку 70 отсто од својата огнена моќ, или околу 135.000 војници и окупацијата може да се случи во секој момент.

Ситуацијата изгледа „прилично страшна“, смета Загородњук, а „Русија сега може да заземе кој било град во Украина.






– Но, сè уште не ги гледаме потребните 200.000 војници за целосна окупација – лвели тој.

Според Белата куќа, пак, Владимир Путин најверојатно ја планира окупацијата негде кон средината на февруари, а би можела да се случи во секое време. Така зборуваше Џејк Саливан, државниот советник за национална безбедност во неделата.

Разјаснување на правилата

Саливан, сепак, инсистираше на тоа дека Џо Бајден сè уште води дипломатија. Вчера, Белата куќа објави дека Бајден телефонски разговарал со Емануел Макрон пред денешната посета на францускиот претседател на Москва. Пред да замине од Париз, Макрон за весникот Журнал ду Диманш изјави дека целта на Русија „не е Украина, туку разјаснување на правилата … со НАТО и со ЕУ“.

Тој рече дека неговиот дијалог со Путин веројатно ќе биде доволен за да се спречи избувнување на воен конфликт и оти верува дека рускиот претседател ќе биде отворен за разговори за пошироките прашања.

фото: твитер/принтскрин

50.000 цивили би биле убиени, а милиони би избегале

Американските власти предупредија дека целосниот напад може да доведе до брзо заземање на Киев и потенцијално да резултира со 50.000 убиени или ранети цивили, како и до 25.000 загинати украински војници и 10.000 руски. Милиони би можеле да избегаат во бегалска криза во Европа, сугерираат тие.

Тие рекоа дека руската армија сега позиционирала 83 „баталјонски тактички групи“ во близина на Украина, секоја со 750 до 1.000 војници. Бројката се зголеми на 60 баталјонски групи пред две недели, додаваат тие.

Загородњук рече дека не верува дека руската инвазија е неизбежна. Тој рече дека немилосрдното зголемување на руските трупи се одвива по принципот на учебниците, но дека намерите и стратегијата на Кремљ остануваат непроѕирни.

– Овде не гледаме политичка завршна игра. Ако Путин го заземе Киев, ќе има војна од целосен обем. Ќе се борат силите на украинската армија. Ќе има огромен отпор за сите времиња. Зошто тој би го направил тоа? – вели тој.

– Украина нема да каже: „Да се придружиме на Русија“. Тоа се подразбира. Освен, секако, ако Путин е во тотална заблуда и има свое разбирање за реалноста. Ќе има крв, санкции. Никому не му е потребна таква меѓународна војна во Европа во моментов – додава поранешниот украински шеф на одбраната.

Во право беа, Русија планира „лажно знаме“

Загородњук рече дека американската администрација била во право кога објавила разузнавачки информации за руските планови и способности. Во четвртокот, американските официјални лица тврдеа дека имаат докази за детален заговор на Кремљ да направи „многу графичка“ лажна видео снимка од украински напад како изговор за воена инвазија.

Даунинг стрит во петокот соопшти дека има „голема доверба“ дека Русија планира да измисли причина за напад на Украина. Загородњук рече дека заговорот изгледал „малку егзотичен“, но додаде дека Москва претходно извршила слични операции со „лажно знаме“.

Најголемата копнена операција од 1945 година

Путин уште не донел конечна одлука за инвазија, велат американските разузнавачки аналитичари. Но, тие укажаа на сателитски снимки и комуникации меѓу руските сили кои покажаа дека Москва е во позиција да ја изврши најголемата воена операција на копно во Европа од 1945 година па наваму. 

Овој четврток, Русија ќе започне големи воени вежби со Белорусија, недалеку од Киев. Според генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Русија од белоруска страна према Украина веќе распоредила 30.000 борбени трупи, елитни единици Спецаназ, борбени авиони Су-35 и ракетни одбранбени системи С-400.

Ако го додадеме тоа на постојните трупи од руската страна на границата, сега на готовс се 135.000 руски војници.

Поврзани содржини