Октај: Турција ќе продолжи да соработува со САД

Тоа прв коментар од официјална Анкара по победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори во САД.

188

Турција ќе продолжи да соработува со новата американска администрација за прашањата што се однесуваат на сојузништвото во НАТО, изјави денеска турскиот потпретседател Фуат Октај.

Тоа прв коментар од официјална Анкара по победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори во САД.






Октај наведе дека пријателството помеѓу претседателите Реџеп Тајип Ердоган и Доналд Трамп помогнало да се решат некои прашања, како и дека „комуникацијата помеѓу Анкара и Вашингтон (по победата на Бајден) ќе биде како и досега“.

Повеќедецениското партнерство помеѓу САД и Турција е нарушено во изминатите пет години поради несогласувањето за ситуацијата во Сирија, поради што Анкара се приближи кон Москва.

САД исто така и забележуваат на Турција поради нејзините амбиции во Источен Медитеран, како и за непочитување на човековите права.

Поврзани содржини