Оксфордската вакцина против ковид-19 предизвикува силен имунолошки одговор и кај постарите лица

Првите тестови покажаа дека новата вакцина предизвикува силен имунолошки одговор кај населението на возраст од 18 до 55 години.

1,191

Првите резултати од тестирањето на вакцината за коронавирусот, во чиј развој соработуваат Универзитетот во Оксфорд и компанијата „АстраЗенека“, покажаа дека препаратот стимулира силна реакција на имунитетниот систем и кај постарите лица.

Лондонскиот дневен весник „Фајненшл тајмс“ дозна од сигурни извори дека истражувачите биле охрабрени откако се покажало дека новата вакцина предизвикува силен имунолошки одговор кај постари лица кои се особено чувствителни на тешки форми на ковид-19 и имаат висок ризик од смрт, објави „Ројтерс“.






Првите тестови покажаа дека новата вакцина предизвикува силен имунолошки одговор кај населението на возраст од 18 до 55 години, но еден напис во „Фајненшл тајмс“ предупредува дека некои истражувачи посочуваат дека тестовите не се гаранција дека вакцината може да се смета за дефинитивно безбедна и ефикасна за постарите пациенти.

Компанијата „AстраЗенека“, која работи на вакцина против ковид-19 со Универзитетот во Оксфорд, се смета дека е најблиску до успешното откривање на сигурна вакцина против ковид-19.

Поврзани содржини