ЃОКОВИЌ ВРАТЕН ВО ПРИТВОР Вечерва ќе се обиде повторно да добие виза (ВИДЕО)
За жалбата на Ѓоковиќ ќе заседава австралискиот Федерален суд во 23.30 часот по средноевропско време.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по вчерашното сослушување, одново е вратен во притвор, откако Австралија повторно му ја одби визата.
До вечерашното судење, властите го сместија најдобриот светски тенисер во хотелот „Парк“, истиот хотел во кој беше и кога првпат пристигна во Австралија.
Тенисерот вечерва по вторпат ќе се обиде на суд да ги убеди австралиските имиграциски власти да му ја вратат визата, непосредно пред почетокот на Австралијан опен, турнирот кој го има освоено рекордни 9 пати.
За жалбата на Ѓоковиќ ќе заседава австралискиот Федерален суд во 23.30 часот по средноевропско време. Ѓоковиќ поднесе нова жалба откако министерот за имиграција Алекс Хок вчера повторно му ја поништи визата. Ѓоковиќ не може да биде депортиран додека му се разгледува жалбата. Ако му биде одбиена жалбата, тој ќе биде депортиран со тригодишна забрана за влез во земјата.
Српскиот тенисер се најде во центарот на огромен скандал, откако допатува во Мелбурн за Австралија Опен без примена вакцина против коронавирусот. Неговата виза беше укината, па потоа по одлука на судот вратена и пак укината.
Novak Djokovic is under police guard tonight, on the eve of what will likely be his final showdown with the government. @reid_butler9 #9News pic.twitter.com/AK61Nt9HhV
— 9News Melbourne (@9NewsMelb) January 15, 2022