ЃОКОВИЌ ВО ПОЛУФИНАЛЕ Водеше „војна“ со публиката која беше против него, но со еден потег ги замолчи (ВИДЕО)

Интересно беше тоа што најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, и овојпат повторно се соочи со непријателски расположената публика во Њујорк.

1,165

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС опен.

Србинот во четвртфиналето го совлада Италијанецот Матео Беретини со 3:1, по сетови 5:7, 6:2, 6:2, 6:3.






Натпреварот на стадионот „Артур Еш“ траеше речиси три и пол часа, поточно 206 минути, а Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев.

Интересно беше тоа што најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, и овојпат повторно се соочи со непријателски расположената публика во Њујорк.

 

Гледачите на најголемиот тениски стадион на светот „Артур Еш“ навивале за Матео, но Новак умешно им возврати на „ударот“.

Па така во критичниот седми гем од првиот сет по сервисот тој спаси брејк топка, а потоа со гестикулација ја прозва американската публика.

Погледнете како изгледаше тоа:

 

Поврзани содржини