ЃОКОВИЌ ВДИША НЕШТО ОД ШИШЕТО? Сигурно не беше течно, му мафна на тренерот (ВИДЕО)
Навистина би сакал да знам што има во ова шише. Тоа сигурно не беше течно и тој му гестикулираше на тренерот пред да вдиши нешто од него. Многу чудно, напиша еден корисник на Твитер.
Новак Ѓоковиќ на спектакуларен начин стигна до полуфиналето на Вимблдон, но има и такви луѓе кои коваат теории на заговор за тоа што употребил српскиот тенисер за време на еден од мечевите. Се појавија сомнежи дека Ѓоковиќ од шише вдишал нешто „многу чудно“, пишува Мондо.
Твитерџија објави видео клип од Ѓоковиќ од мечот против Тим ван Рајтховен во 4. коло на Вимблдон, кога Новак беше во кадар за време на пауза при смената на страната во ТВ преносот.
Ѓоковиќ го држеше шишето во рака, изгледаше како да прашува некој од неговиот тим дали е потребно да го користи во тој момент, а потоа го направи следното. Погледнете.
What is in the bottle? I swear he inhales it. #Djokovic #Wimbledon pic.twitter.com/Xj1wYXlUYx
— ieup (@ieuanNo9) July 3, 2022
„Навистина би сакал да знам што има во ова шише. Тоа сигурно не беше течно и тој му гестикулираше на тренерот пред да вдиши нешто од него. Многу чудно “, напиша еден корисник на Твитер.
Видеото наиде на голем одзив на социјалните мрежи, а многумина не можеа да поверуваат дека некој успеал да создаде приказна според која Ѓоковиќ ќе направи нешто сомнително на Централниот терен на Вимблдон, пред очите на целиот свет.