ЃОКОВИЌ ТАЈНО ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР ВО БЕЛГРАД Ударот од шишето му предизвикува главоболки

Најдобриот светски тенисер тајно бил донесен во болница каде му бил извршен преглед на главата.

1,393

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска наутро бил примен во Ургентниот центар во Белград.

Најдобриот играч на светот тајно бил донесен во болница каде му бил извршен преглед на главата, пренесува „Информер“.






Во информацијата се наведува дека Ѓоковиќ бил добро расположен, дека се фотографирал со вработените, но и дека се жалел на главоболка.

Се претпоставува дека главоболките се последица од ударот со шише кое на српскиот тенисер му падна на глава додека делеше автограми по мечот со Корентано Муте во Рим.

На еден од навивачите му падна алуминиумско шише од ранецот врз главата на српскиот тенисер.

По поразот од Алехандро Табило во следниот меч, Новак се врати во Белград, а следен турнир кој го очекува е Ролан Гарос кој стартува на 26 мај.

Ѓоковиќ ја брани титулата во Париз.

Поврзани содржини