Ѓоковиќ со семејството почнува нов живот во европска земја во која долго е вљубен
Додека во Америка тој соборува спортски рекорди, најдобриот тенисер на планетата е возбуден поради планот со сопругата Јелена по повеќето години минати во Монако да го променат постојаното живеалиште.
Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со сопругата и двете деца најверојатно ќе го напушти Монте Карло, каде живее веќе со години.
Додека во Америка тој соборува спортски рекорди, најдобриот тенисер на планетата е возбуден поради планот со сопругата Јелена по повеќето години минати во Монако да го променат постојаното живеалиште.
Тие со синот Стефан и ќерката Тара ќе се преселат во Марбелја, а во овој град на југот на Шпанија тие се вљубиле на прв поглед.
Наследниците на Ноле наскоро ќе започнат да одат во училиште во Марбелја, а ова познато туристичко место, во целост е прилагодено според вкусот на семејството Ѓоковиќ, па поради тоа и ќе стане нивен дом.