ЃОКОВИЌ СЕ ВАКЦИНИРАЛ? Еве поради кој настан американски медиуми сметаат дека Новак се боцнал
Ѓоковиќ бил гостин на музичкиот фестивал Самерстејџ во Њујорк, на кој влезот бил можен само со потврда за вакцинација.
Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во јавноста е окарактеризиран како антиваксер, односно дека спортистот на почетокот на пандемијата не сакал да се вакцинира.
Но дека има промена во неговото размислување навестиле американски медиуми врз основа на една случка.
Ѓоковиќ бил гостин на музичкиот фестивал Самерстејџ во Њујорк, на кој влезот бил можен само со потврда за вакцинација.
Поточно, влез во Централ парк бил дозволен само на вакцинираните, за разлика од останатите две блиски локаии, што за специлизираниот сајт „било доволно да свати дека Новак е вакциниран.
Засега нема официјална потврда, туку само претпоставки за темата за која Ѓоковиќ на почетокот зборувал само во смисла дека не и сакал да се вакцинира сè додека не се информира до крај и додека не добие гаранција дека нема да згреши.
Шпекулациите дека се вакцинирал доаѓаат во момент кога австралиските власти бараат сите тенисери да бидат вакцинирани за Австралија опен, како услов воопшто да дојдат во Мелбурн.
Досега се стравуваше дека Ѓоковиќ би можел да го пропушти нападот на 10-та титула „Ози опен“, но доколку се точни информациите на американските медиуми тогаш е отстрането двоумењето.
Тој е подготвен да испише историја и да постави рекорд по бројот на Гренд слем титулите. Сега ги има 20 исто колку Рафаел Надал и Роџер Федерер.