Помина точно едена година од трагичната смрт на Коби Брајант, а на големиот пријател се сети и Новак Ѓоковиќ. На годишнината од трагедијата се огласи и најдобриот тенисер на светот.
– Мамба, засекогаш. Те сакам, пријателе мој – напиша Ѓоковиќ на Инстаграм со фотографија со Коби.
На 26 јануари 2020 година Коби Брајант настрада во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џијана и уште седум лица.