ЃОКОВИЌ ПРОБА НОВ ЕКСТРЕМЕН СПОРТ Сурфање со фолија (ВИДЕО)
Овој спорт може да биде опасен, па затоа се препорачува да нема гужви околу сурферите. За некои тој е подобар од сурфањето бидејќи допирате помала површина од даската во вода, што значи дека полесно можете да маневрирате.
Седмиот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се одмара на брегот во Црна Гора и Хрватска. Неделава тој беше и во Дубровник, каде готвачите и останатиот персонал на еден ресторан го замолија да се фотографира. А истиот ден беше објавено видео каде се гледа дека по капуерата, возејќи скутер и кајак, Ноле испробал и еден од новите екстремни спортови, пишува Нова.
Another video of @DjokerNole in Montenegro 😁😁 #Djokovic @NovakFanClub
📸: https://t.co/mIu5yUblDW pic.twitter.com/63uIaogasS
— Julie 🇫🇷🇬🇧 (@NDjokofan) July 20, 2022
Станува збор за „сурфање со фолија“, каде практично се „плови“ над водата на посебна даска, а чувството е слично на возење на сноуборд.
– Можеш да правиш и јога – му рекол некој на Новак додека тенисерот седел, лизгајќи се по водата.